Според документот до кој дојде неделниот весник „ЕГО“, објавен во број 183, од 30.06 2011 година, млекарата во Битола, ИМБ - Бимилк, во своите производи наместо домашно млеко, таа користи евапорирано млеко. Имено, од ноември минатата до март оваа година, секоја недела само преку граничниот премин Меџитлија се увезуваат по 40 - 50 тони евапорирано млеко, од кое по додавање на вода, може да се добие од 150 – 100 тона „обично“ млеко!!!
Евапорираното млеко, е млеко од кое е извлечена водата и се наоѓа во полутечна состојба. Најчесто ваквото млеко е обезмастено. Со тоа, тоа е погодно за транспорт, помалку тежи, стерилизирано е и помалку подлежи на расипување.
Според неделникот „Его“, во март е увезено вакво млеко и од Франција, кое било бактериолошки неисправно, но подоцна тоа млеко е преработено и од него се добиени 13 тони кашкавал!!!
Во прилог ги доставуваме документот и целата статија од неделникот „Его“ под наслов: „ФРАНЦУСКОТО МЛЕКО ВО БИТОЛСКО ПАКУВАЊЕ“.



Редакцијата на „Македонска искра“ му се заблагодарува на неделникот „Его“ за соработката.








Бидете пристојни при оставање на коментари затоа што непристојните нема да се објавуваат. Максимум 24h до објавување на вашиот коментар.
- За регистрираните членови на порталот:
Вашите коментари се објавуваат веднаш, ве молиме да внимавате на речникот кој го користите и да не ги злоупотребувате привилегиите кои ви се дадени.