Статијата е објавена во јули 1997 година во политичкото списание на Виножито „НОВА ЗОРА“, а во Македонија и воопшто се објавува за прв пат. Во прилог ќе ја пренесеме изворно целата статија:
Истакнувајќи го текот на македонското прашање, поврзано со активностите и целите на грчката дипломатија, можеме да констатираме дека и двете веќе стигнаа до лимитирана точка. Во почетокот максимумот бил да се спречи постоењето на независна и суверена македонска држава. Билатерални контакти со српското раководство (Мицотакис - Милошевиќ и сценарија за распарчувањето на Република Македонија) испитуваа такви можности. Набрзо е констатирано дека еден таков развој би можел да доведе до воен судир со вплеткување и на други балкански држави, одредувајќи на тој начин, како втора цел, проголтувањето на (веќе независна) Република Македонија од таканаречената нова Југословенска Федерација. Паралелно со тоа, со активиости на ниво на ЕУ, главно се биеше битка за името со најуспешен исход на Лисабонската одлука.
Грчките дипломати и политичкото раководство се обидуваа, со историски аргументи од сомнителна убедливост, да убедат за своите ставови, без да го имаат сериозно во предвид фактот дека Социјалистичка Република Македонија, со билатерални спогодби меѓу владата и парламентот, цели 45 години постоеше како државен ентитет (во рамките на Југословенската Федерација). Грчката дипломатија не можела или не сакала да сфати дека државната основа, т.е. (то ест) постоењето на една држава, континуирано цели 45 годиии со името Македонија, сама no себе е многу посилен аргумент од кои и да се историски, или други аргументи. Независно од фактот дека некои од нив, како на пр. (на пример), наводната опасност за територијалниот интегритет на државата од една мала, економски и воено слаба држава, како што е Република Македонија, предизвика смеа, отколку сомнителност. Кон сето ова можеме да ги додадеме митинзите на хистеричните реакции на црквата, на „сонародниците“ и т.н. што придонесоа во тоа прашањето да стане познато и во суштина и меѓународно да се зацврсти терминот Македонија за соседната држава.
Тогаш се појавува третата линија на одбрана, што се состои во суштината на битката што продолжува да ја бие грчката дипломатија. т.е. признавање на држава што ќе го содржи терминот Македонија, но на нејзиниот народ да не му ја признае националноста. Ова е клучот на прашањето за името, но и на идните еволуирања, што се однесува на односите меѓу двете земји.
Привремената согласност е тактичен маневар на грчката дипломатија. Постепено „нормализирање“ на односите, но не и признавање на македонската нација. Последното (но не и ново) утврдување (окоп, фортификација) е „Славомакедонија“, со очигледна цел, од една страна зачувувањето на копи - рајтот, што се однесува на историското наследство, а од друга денационалноста на државата.
Во странство продолжува напорот, со притисок врз соседната држава преку ЕУ (блокирање на инвестиции итн.) за компромис по името и на Славомакедонија.
Ce разбира, целта повеќе се стреми кон внатре и помалку кон надвор, каде во меѓународната заедница името Македонија веќе е признато од сите. Името Славомакедонија - Славомакедонци, е свесен избор од грчката политика, бидејќи со овој термин грчкиот национализам и неговата политика по македонското прашање, во суштина, остануваат неповредени. Зашто постоењето и признавањето на македонско национално малцинство е нешто што ја разнишува градбата, која со години се издига. Познато е дека со анексирањето на делот од географскиот простор на Македонија, што ѝ припаѓа на Грција од 1912 година до денес, се прави обид за елинизација, или повеќе „погрчување“ на просторот на Македонија со политички дискриминации, демографски именки, асимилирање и др. Експанзијата на тогашното грчко кралство го наметнува проширувањето на националниот мит и Грчињата `учат` веќе не само за Леонид и Термопилите, ами и за Александар Велики и Букефал. За жал, тоа дури и денес се користи како историски аргумент на грчката држава. Паралелно со тоа, кај граѓаните од „новите земји“, системот ја негува идејата за грчкиот род како супериорен во светот, a понижувањето на другите, на поинаквите (Турци, Бугари и др), дека се варвари, непријатели на еленизмот. За Македонци, не станува ниту збор, иако веќе постои македонско национално будење (ВМРО централисти, Илинден 1903).
Се разбира, цел е да се врежи грчката национална свест кај „туѓото“ население во Македонија, со паралелно „просветување“ за „нецивилизираните“ соседи, така што да се создаде чувство на супериорност.
Името Славомакедонец денес е продолжение на оваа политика. Терминот е измислен во Министерството за надворешни работи во деценијата од 30-тите години, потоа е усвоен од КПГ, која го направи познат од 1946-49 година.
За Гркот - националист Славомакедонец значи Словен во Македонија, т.е. лице без национален идентитет, или во најдобар случај славофон во Македонија, имено од „словенската припадност“ со грчка национална свест. Тој е и аргументот што се пласира на средбите на грчките функционери со претставниците од меѓународните организации, но и на помладите „македономахи“ кога се осврнуваат на „славофоните“ од Македонија.
Оние што планираат и поттикнуваат политика на такви аргументи не сфаќаат дека тоа го прават со задоцнување, најмалку, од 150 години, бидејќи постоењето на некоја нација е независно од нечии желби. Постоењето, пак, на македонска нација и на етнички Македонци во Грција, е една реалност и, поскоро или подоцна, со оваа идеја ќе се помири секој грчки граѓанин. Оваа реалност реалност не треба ниту да застрашува, ниту да провоцира.
Оној, кој располага со елементарна логика може да сфати дека денес, со признавањето на Република Македонија, едноставно се завршува кругот за национална еманципација на Македонците, развој, кој во другите балкански општества се случи неколку децении порано, со основањето на соодветните држави. И, се разбира, нациите немаат никаква врска со оние од Александар Велики, од Периклиевци, туку се резултат на други параметри, како продолжение на процесот за развој на општествата.
Грчката политика, и пошироко грчкото општество, должно е да го надмине македонското прашање (јасно, не од типот на Самарас) и да го следи современиот пат на европската интеграција, ослободена од предубедувањата на минатото.
Павлос Воскопулос





Бидете пристојни при оставање на коментари затоа што непристојните нема да се објавуваат. Максимум 24h до објавување на вашиот коментар.
- За регистрираните членови на порталот:
Вашите коментари се објавуваат веднаш, ве молиме да внимавате на речникот кој го користите и да не ги злоупотребувате привилегиите кои ви се дадени.