Во правото кога е направен договор меѓу договорните страни, секогаш постои можност да се појави трета страна, која не вклучена во договорот, чиј што правен интерес е засегнат со тој договор. Кога и да се појави оваа трета не - договорна страна, може да отпочне со правна постапка со намера да се откаже или поништи договорот, кој делува на нејзина штета. Ова исто правило важи како во правото така и во дипломатијата.
Моето убедување е дека тоа што следува ќе биде на големо изненадување на сите нас - Македонците, секаде каде што сме.
После објавувањето на интернет на сите договори и протоколи во врска со поделбата на Македонија и други внатрешни договори помеѓу кралствата на Србија, Бугарија и Грција во нивните зделки на Балканот, дојдов до правен заклучок дека со формирањето на современата македонска држава (АСНОМ), чии наследници денес сме ние како независна Република Македонија - Ние сме оваа не - договорна страна со правен интерес.
На кратко, со одржувањето на Собранието на АСНОМ и прогласувањето на независноста на Република Македонија, ние Македонците директно и ефективно да придонесовме за правно поништување на ефектите од сите спогодби и договори, јавно или тајно склучени меѓу Кралството Србија, Кралството Бугарија и Кралството Грција - како договорните страни, со амин на Големите сили во тоа време, со кои е извршена поделба на македонската земја и народ.
Со Собранието на АСНОМ, Србија како држава - наследник на Кралството на Србите, преку нејзинита историска трансформација во Република Србија како членка на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, директно, ефективно и по било кој стандард на меѓународното право и дипломатија го загуби својот дел на Македонија, кој го зеде со договор во Букурешт од 1913 година подоцна санкциониран од страна на Версајскиот мировен договор.
За речиси 40 години (СФРЈ) ние Македонците живеевме во заблуда за новото и современо југословенско единство, чии политички и дипломатски активности беа во директна опозиција и ограничување на македонските единство.
Со прогласување на независна Република Македонија во 1991 година и нашето меѓународно признавање како независна држава (независно од т.н. „прашање за името“) од страна на тогаш големите сили (Франција, Велика Британија и Русија) и сега САД, тие директно, ефективно и по било кој стандард на меѓународното право и дипломатија ги поништија ефектите и последиците од претходните договори, бидејќи сите, освен САД, дадоа свој благослов за многу од тие договори и протоколи.
Со овие правни и дипломатски потези, ние Македонците, денес директно придонесовме за поништување на последиците од мировниот договор во Букурешт од 1913 година и Версајскиот мировен договор, кои се однесуваат на македонската земја и македонскиот народ.
Ние сме во правна заблуда ако бараме некои скриени членови во овие договори со кои, наводно, се наведува дека ако се прогласи независна држава Македонија, ќе имаме право да бараме враќање на другите делови и овој единствен член ќе биде нашиот инструмент за обединување.
Правото на обединување во секој случај е наше, по стандардите на меѓународното право.
Ако таков член постои, тоа само значи дека дури и во тие историски околности договорните страни беа целосно и правно свесни за можните последици од појавата на независна македонска држава на Балканот, против нивните територијални освојувања и дипломатски желби. Ова е причината зошто две од трите договорни страни не нè признаваат и денес.
Република Македонија има целосно дипломатско и меѓународно право да ги бара преостанатите делови под окупација, со благослов на меѓународното право, преку наследниците на Големите Сили, современата Европска Унија, Руската Федерација и САД.
Бидејќи сите клучни договори се заеднички потпишани од сите три договорни страни, со силата на меѓународното право, оваа поделба на територии веќе не е во сила за останатите договорни страни.
Затоа, да не бидете изненадени зошто Бугарија и Грција ќе се борат на секој можен начин да не го признаат македонско малцинство на нивните ново освоени територии. Ние дури и 1000 случаи да имаме во Стразбур за човекови права во наша полза против овие две држави - тие нема да го признаат постоењето на македонското малцинство. Во секој случај, не во скоро време.
Грција ќе стори сè што може на дипломатско поле никогаш да не нè признае како држава, нација, јазик или црква. Бугарија ја признава само територијата на Република Македонија, а не и нацијата, јазикот или црквата. Србија, откако ја изгуби битката за нашата држава, нација и јазик, сега одбива да ја признае нашата Црква. Всушност, тоа е единственото нешто што остана за неа, со цел да се негира било кој елемент на нашето постоење.
Сите овие дејствувања се наменети за зачувување на она што е останато од тие договори. Ова ќе продолжи, освен ако ние се бориме за овие прашања во ОН, ЕУ и сите други меѓународни и регионални институции, или освен ако Големите сили им кажат да направат поинаку.
Под било кои други услови и меѓународни трендови, крајниот резултат ќе биде само - определба за отцепување на преостанатите делови и приклучување во целосна Македонија - како учесник во меѓународното право.
Да, постои уште и пречката во нашиот Устав за признавање на овие граници, врз основа на нашата поделба, ние истакнавме во нашиот Устав дека нема да се мешаме во внатрешните работи на нашите соседи, дека немаме територијални претензии и така натаму и така натаму.
Европската унија е над - државниот систем. Овој систем, како една од своите бенефиции, го има безграничниот режим. Овој ефект да се биде без граници е многу добар лек за таквата поделба како нашата. Исто така, да не ги заборавиме прашањата за човековите права. Ние секогаш можеме да се бориме за човековите права во секоја земја од светот, особено членка на Европската унија.
Европската унија од секогаш води таинствена политика и задкулисни игри за ваквите прашања. Зошто не сме изненадени? Европската унија е наследник на тајната дипломатија широко практикувана од страна на големите сили на Франција, Велика Британија, Германија и Русија во текот на европската историја. Денес оваа тајна дипломатија е исто така позната како лобирање.
Ние Македонците, каде и да сме, мора да претставуваме обединет фронт и да лобираме за нашите права, за нашата држава. Запомнете - Обединети стоиме, поделени паѓаме.
Да не заборавиме дека Големите сили се највисокиот авторитет во политиката, кои ги решаваат регионалните прашања по сопствена волја. За време на нашата поделба највисокиот правен орган беше на Лигата на народите, сега се Обединетите нации и на регионално ниво тоа е Европската унија.
Да не заборавиме на Универзалната декларација за човекови права, Европската декларација за човекови права, Повелбата на Обединетите нации и на основите на Европската унија. Тие сите се во наша корист.
Сега сите ние живееме во ерата на демократијата и треба да им помогнеме на Грција и Бугарија да ги обноват нивните демократии - власта е на народот.
Ние мора да истраеме, за да опстоиме.
Атанас Стојаноски
Адвокат
Скопје, Македонија
2007 година
www.pollitecon.com





Бидете пристојни при оставање на коментари затоа што непристојните нема да се објавуваат. Максимум 24h до објавување на вашиот коментар.
- За регистрираните членови на порталот:
Вашите коментари се објавуваат веднаш, ве молиме да внимавате на речникот кој го користите и да не ги злоупотребувате привилегиите кои ви се дадени.